Утрински Весник
Македонија

Студентите кои користат бесплатен јавен превоз од 1-ви април мора да имаат заверен билет

Почнувајќи од утре, четврток (1 април) сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен (продолжен) билет за 2021 година.

„Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник за казна. Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично“, информираат од ЈСП од каде додаваат дека денеска (31 март) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

Од ЈСП потсетуваат и дека заради актуелната ситуација со Ковид-19 излегле во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможиле речиси 5 месеци за продолжување на билетот.

Текстот Студентите кои користат бесплатен јавен превоз од 1-ви април мора да имаат заверен билет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, тие се криминалот и корупцијата кои се поразени

Алиу се сретна со Кедев, сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите е без соодветна заштита на податоците