Утрински Весник
Македонија

Студено и ветровито време на места со снег

Студено и ветровито време на места со снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Можете да прочитате

Волови од Македонија ја преминале бугарската граница, неизвесно е што ќе се случува со нив

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Променливо облачно со повремен дожд