Утрински Весник
Свет

Стршлени убија 58-годишник во Хрватска

Во саботата околу 19 часот во хрватски Вараждин во несреќен случај настрадал 58-годишник, објави тамошната полиција.

dobivaj vesti na viber

„Тој му помагал на пријател во семејниот посед. Во еден момент на поседот пристигнал рој стршлени кпи се наоѓале под стог со сено. Ги нападнале. Двајцата мажи се засолниле во семејната куќа, а на 58-годишникот му се слошило од здобиените убоди“ известила полицијата.

На местото набргу пристигнала брза помош која се обидела да го реанимира човекот, но безуспешно.

Наредено е да се изврши медицинска обдукција.

Можете да прочитате

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија