Утрински Весник
Македонија

Стручен надзор во „Систина“ за деца со тешки пост-ковид компликации

Стручен надзор во „Систина“ за деца со тешки пост-ковид компликации

Во Педијатриската болница на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести. Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки пост-ковид компликации кои беа третирани во Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина“, информираат од болницата.

„Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската Болница на „Аџибадем Систина“ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата. Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од утре ќе биде пуштен за сообраќај

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати