Утрински Весник
Македонија

Струмички „Комуналец“ ќе ги ослободува од плаќање компаниите кои не работеа

Струмички „Комуналец“ ќе ги ослободува од плаќање компаниите кои не работеа

Струмица, 15 јуни 2020 (МИА) – ЈПКД „Комуналец“ ќе поднесе барање до Советот на општина Струмица за ослободување од плаќање на сметките на компаниите кои не работеа или сè уште не работат поради корона кризата, соопшти денес директорот Зоран Горгиев.

-Ќе поднесеме барањето до Советот на општината за да го разгледа на некоја од наредните седници. Барањето се однесува за компаниите кои не работат од 15 март, од прогласувањето на вонредната состојба, па се до денес, односно кога почнаа да отворат пред извесно време, но и за тие кои понатаму не работат, додаде директорот Горгиев.

Според него барањето е подготвено заедно со компаниите, кои се нивни корисници и штом биде прифатено од Советот на општината истото ќе се реализира. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда