Утрински Весник
Македонија

Струмичанец фатен со 17 пакувања кокаин и четири килограми марихуана

Струмичката полиција до надлежното основно јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Р.В. (50) од струмичкото село Добрејци, поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, вчера (8 јули) околу 8 часот на паркинг во Струмица кај Р.В, кој бил со автомобил „фиат пунто“, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени биле 17 пакувања кокаин, како и поголем износ на парични средства.

Истиот ден, по добиена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во неговиот дом во селото Добрејци, при што биле пронајдени 12 стебла канабис, околу 4 килограми марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“, рамка со 6 куршуми калибар 9мм.

Стумичанецот е уапсен и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Текстот Струмичанец фатен со 17 пакувања кокаин и четири килограми марихуана е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор