Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен струмичанец кој е осомничен дека објавувал фотографии од девојки, кои ги имале објавено на нивните профили на „Фејсбук“, на веб-страница за возрасни.
„Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни ‘xHamster’, информира МВР.
Девојките дознале за фотографиите минатиот месец и го пријавиле Г.С. во полиција.
При претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, биле пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден бил и друг доказен материјал од интерес на постапката.