Утрински Весник
Македонија

Струмичанец крадел делови од фрижидери во маркети

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица, поради тешка кражба и предизвикување на општа опасност.

„Тој во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица“ информираат од МВР.

Кражбите биле извршени во периодот од 21 февруари до 30 март, оваа година.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци