Утрински Весник
Македонија

Струмица – нудел ваучери за гориво за глас за определена политичка партија

Струмица – нудел ваучери за гориво за глас за определена политичка партија

До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected], пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.

„Во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вчера вечер.

Едниот во с. Добрадинци каде околу 21.00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Во Основното јавно обвинитлство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно шест настани пријавени до овој момент. Се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Се преземаат дејствија за расчистување на настаните.

Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов. На лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Јавен обвинител презеде дејствија за расчистување на настанот.

На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска се пристигнати вкупно пет известувања. Преставници на една политичка партија испратија четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.

Основач на граѓанска организација испрати известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи. Известувањата се проследени и се предмет на постапување во надлежните обвинителства.

По сите известувања се постапува итно и со приоритет, согласно насоките дадени од Комисијата.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините