Утрински Весник
Македонија

Струмица без организирано консумирање бел грав, но традицијата се почитува

Струмица без организирано консумирање бел грав, но традицијата се почитува
Dik 300x250 mk

Струмица, 2 март 2020 (МИА) – На првиот ден од почетокот од Велигденските пости во Струмица традиционално се одржуваше манифестацијата Чист понеделник во рамки на карневалските празнувања, но годинава, по прв пат, заради појавата на коронавирусот сите манифестации се откажани.

Иако на плоштадот е поставен огромниот казан, сепак во него нема да се подготвува бел грав. Тој е поставен пред да се донесе одлуката за откажување на карневалот и во наредните денови ќе биде подигнат.

Но, и покрај тоа традицијата на консумирање бел посен грав ќе продолжи во домовите на струмичани, каде за ручек се подготвува ова јадење. Покрај тоа, традицијата ќе се одбележи и во угостителските објекти, кај еснафот и во месните заедници.

Чист понеделник, според раскажувањето на постарите струмичани, се слави од почетокот на минатиот век.

Покрај оваа манифестација, нема да се одбележи и празникот Тримери посветен на армасаните (верени) девојки в среда, со кој требаше да завршат годинашните карневалски празнувања во Струмица.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево