Утрински Весник
Магазин

Стрипот на Кијану Ривс создава историја

Dik 300x250 mk

Холивудскиот миленик Кијану Ривс е креатор и коавтор на стрипот „Берсеркер“ (оригинален наслов BRZRKR), кој стана прв стрип што се појавува во престижната конгресна сала Ејч, каде што се прикажани првите најави на нови проекти.

dobivaj vesti na viber

Иако многу успешниот серијал стрипови ќе заврши во уште две изданија, Кијану им порача на илјадниците фанови на Comic-Con дека ова нема да биде крајот на приказната.

А што се однесува на наративот, „Берсеркер“ раскажува приказна за платеник стар 80.000 години, кој ѝ ги нуди своите услуги на владата за возврат што таа му помогнала да ја открие тајната на неговата бесмртност.

„Берсеркер“, кој Кијану го напиша заедно со Мет Кинт, најверојатно ќе добие и филм. Стриминг-гигантот „Нетфликс“ изрази интерес за неговиот најнов потфат и се согласи да продуцира и игран филм и аниме серија.

Од убиец Џон Вик, култен суперхерој Нео, до рокер бунтовник Џони Силверхенд, Кијану Ривс никогаш не престанува да воодушевува со неизмерливата ширина на своите таленти.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)