Утрински Весник
Свет

Странци на Хвар се повредиле пиејќи огнени коктели

Канаѓанец (44) и Швеѓанка (33) се повредени во кафуле на Хвар додека консумирале огнени коктели, пренесуваат хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата во Сплит, инцидентот се случил вчера околу 18 часот, кога полицијата добила информација дека маж бил повреден додека консумирал огнени коктели во ресторан во месноста Хвар, а полесно е повредена и една жена.

„Повредените се здобиле со изгореници и биле пренесени во Сплит за лекарска помош. Мажот е задржан на понатамошно лекување, а според информациите од болницата неговиот живот не е во животна опасност. Жената се здобила со полесни повреди и била пуштена од болница по преглед.На местото на инцидентот истрага.Во тек е кривична истрага“ – изјавил Јерко Куревија, од сплитската полиција.

Жената добила изгореници на двете раце, додека на мажот му изгореле 25 отсто од телото.

Двајцата биле префрлени со хеликоптер од островот во Одделот за пластична хирургија на КБЦ Сплит во Крижине, каде мажот бил задржан на понатамошно лекување.

Можете да прочитате

Судот го ослободи Саркози од затвор

Шефот на СЗО со апел до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

Над 30 лица загинаа во судири во затвор во Еквадор