Утрински Весник
Спорт

Страв од коронавирус: Одложено СП во пинг понг во Јужна Кореја

Страв од коронавирус: Одложено СП во пинг понг во Јужна Кореја

Лозана, 25 февруари 2020 (МИА) – Светското пингпонгарско првенство во пинг понг што беше закажано за наредниот месец во јужнокорејски Бусан е одложено поради опасност од ширење на коронавирус, сооопшти Светската пинг понг Федерација (ИТТФ).

Одлуката дојде по случаите на заразени со болеста во Бусан и донесена е на заеднички состанок меѓу градските власти и ИТТФ.

Екипното СП во пинг понг во Јужна Кореја требаше да се одржи од 22 до 29 март, а со најновата одлука е поместено во период од 21 до 28 јуни. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем