Настанатата ситуација поради ковид-19 пандемијата најмалку ги штедеше индивидуалните спортови. Oвој период е голем предизвик за пливачите, кои поради затварањето на базените беа принудени да ги паузират нивните вежби или да најдат начин во домашни услови да останат во форма.
Принудена за да паузира со вежбите беше и Ева Барамчевска, пливачка од Скопје, која на почетокот на годината му се врати на пливањето после три години, но нејзините напори да се врати во фома траеле само три месеци.
Автор: Арбнора Мемети