Утрински Весник
Политички Партии

Стојаноска: На 12 април ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ќе почне да чекори по вистинскиот пат

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

 

Скопје, 12 март 2020

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 при своето гостување на емисија „Само вистина“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има листи со искусни и нови кадри, со што ќе резултира со уште подобар пратенички состав.

„ВМРО-ДПМНЕ најголемиот притисок го издржа, го помина периодот наназад 2-3 години и нашиот лидер си остана на ставот дека не се кандидира, не е носител на ниту една изборна единица“, појасни Стојаноска.

Стојаноска додаде дека предизвик за нејзе е што е носител на изборна единица. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели на проекти кои што навистина ќе се реализираат за подобрување на животот на граѓаните. И кај ВМРО-ДПМНЕ нема да има лажни ветувања, како власта што го прави.

„Во таа програма се предвидени навистина реални проекти од кои што бенефит ќе видат апсолутно сите граѓани на Република Македонија“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека се надевам дека нема да има негативна кампања, но според нејзе негативна кампања е кога се измислуваат невистини за да се омаловажи противникот.

„Во вторникот потпишавме и договор со коалиционите партнери и сите заедно сме обединети во тоа најголемото зло што на Македонија што и се случи изминатиов период повеќе да не ја добие таа шанса“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска образложи дека на 12-ти април ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ќе започне да чекори по вистинскиот пат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт