Утрински Весник
Политички Партии

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ не избегнува од избори, ние сме за избори, но за избори кои што ќе го гарантираат здравјето на граѓаните

Стојаноска: Неспособноста на Филипче не смее да се плаќа со човечки животи

 

Скопје, 18 мај 2020 –

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес гостуваше во „Отворено Студио“ каде што посочи дека не треба да има сега за сега брзи избори бидејќи според резултатите на заболени и починати од корона вирусот се уште е рано.

„Лидерската средба, оваа денешната втората и од минатата недела беше најмногу на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, ние секако бараме да стигнеме до некаков заеднички заклучок и заедничко решение кое што ќе понуди излез од оваа криза, во која што завлеговме. Се разбира основен причинител е корона пандемијата која што ја зафати Македонија, но за жал и вторава средба денешна што заврши пред еден час од изјавите што можевме да ги слушнеме од сите лидери кои што присуствуваа на неа резултатот е без исход“, појасни Стојаноска.

Стојаноска посочи дека за жал според сегашните резултати на заболени и починати може да се забележи дека се уште е рано за да се оди на брзи избори, никако во јуни.

„ВМРО-ДПМНЕ сака да се обезбеди фер и кредибилен изборен процес. И не бега од избори затоа што сме сигурни во изборна победа. Таа победа ќе се случи кога тогаш. Но ние се грижиме исклучиво за здравјето на граѓаните“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска истакна дека во однос на роковите тие секако се надминати. 60 дена рок според Уставот и законите, изборите да завршат. По распуштање на Собрание во рок од 60 дена треба изборите да се завршени. Но не се, тоа е факт. Поради тој факт и лидерите сега се состануваат.

„Единствено на Зоран Заев му одговараат брзи избори и тоа на 21 јуни. Зошто? За да не се соочи со револтот на граѓаните. Ќе го ризикува и нивното здравје само за да избегне од економската криза, па еве гледаме сега трет сет од мерки што се нуди. Повторно се популистички мерки. Зарем мисли Зоран Заев дека народот во Македонија ќе ги заборави сите негови нереализирани ветувања. И сега преку криза газејќи по лешеви сака избори. Но ВМРО-ДПМНЕ го става прво здравјето на граѓаните во прашање. Тоа е основната причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на такви брзи избори кои што се единствено желба на Зоран Заев“, потенцира Стојаноска.

Стојаноска образложи дека 75% од граѓаните во Република Македонија не се заинтересирани за избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт