Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Стојаноска: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Скопје, 27 февруари 2020

Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос.

Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните.

Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не.

Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа „сама заминала на Клиниката“, потоа кажаа „беше спроведена до Клиниката“, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека „не кажала на граница дека е болна“?!

Загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски. Но, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција. Зарем и во ваква ситуација профитерството е приоритет?!

Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата!Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош.

Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга!

Прес-конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција