Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сточарите и млекопроизводиетлите во Дебар бараат итно надминување на проблемот со откупот на млекото

Сточарите и млекопроизводиетлите во Дебар бараат итно надминување на проблемот со откупот на млекото
300x250 opst2

Дебар, 17 март 2020(МИА) – Како што и најавија, дел од дебарските сточари и сопственици на молзни крави, денеска се собраа пред општинската зграда во Дебар, каде што е сместен Оперативниот штаб.

Тие на овој начин го искажаа незадоволството поради неможноста да го пласираат млекото, по вовоедувањето на кизната состојба во општините Дебар и Центар Жупа поради појавата на коронавирус.

– Дневно пласиравме по над 1.500 литри млеко. Сега можете да разберете колкава штета ни се предизвикува. Ништо не ни останува друго туку млекото да го истураме, рекоа присутните.

Тие го повторија апелот до надлежните да се дозволи влез на возилата на фирмата која врши откуп на млеко, на идентичен начин како и оние на фабриката „Кнауф“.

Млекопроизводителите се сретнаа со претставник на Оперативнот штаб од каде им беше речено дека максимално се залагаат да се надмине овој како и проблемот со откупот на јагнињата.

Во просек, во овој период од годината, пред велгеднските празници од девете општини фирмите откупуваа по над 14.000 јагниња, кои главно завршуваа на италијанскиот пазар. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост