Утрински Весник
Свет

Стотици училишта во Русија евакуирани поради закани за бомби

Стотици училишта во Русија евакуирани поради закани за бомби

Голем број училишта во Русија денеска добија закани за бомби, а стотина беа евакуирани само во сибирскиот град Краснојарск, јави московското радио „Ехо“.

По заканите што пристигнаа по електронска пошта, наставата беше прекината и во други градови, како Самара и Ставропол.

Стотици училишта се евакуирани во целата земја, јави радиото. Според пријавата, во претресите не било пронајдено ништо сомнително.

Властите распоредија повеќе полицајци последниве години поради слични ситуации. Покрај училиштата, цел беа и судовите и трговските центри.

Надлежните не го знаат мотивот за последниот случај.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот