Утрински Весник
Свет

Стотици туристи во изолација во летувалиште на Сардинија

Стотици туристи во изолација во летувалиште на Сардинија

Околу 450 туристи се наоѓаат во изолација во одморалиште на северот на Сардинија, кое е ставено во карантин затоа што се потврдени случаи на коронавирус.

Две лица се обиделе да избегаат од местото.

Стотици гости на туристичкото одморалиште Санто Стефано, кое му припаѓа на архипелагот Ла Мадалена, се во изолација од понеделник вечер, јавуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, еден од двата случаи позитивни на коронавирусот во тоа место е сезонски работник, односно музичар со симптоми кој  бил сместен во болница во градот Сасари во Сардинија.

Околу 450 туристи во Санто Стефано можат да се движат во областа, но не им е дозволено да одат на други места.

Две лица се обиделе да избегаат од карантинот, но биле запрени од карабинери пред да стигнат до аеродромот во Олбија.

Во Сардинија досега се потврдени 1.512 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 134 починале како резултат на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сибиха: Над 1.700 Африканци војуваат во Украина, на страната на Русија

Зеленски телефонски разговараше со Трамп за идните состаноци за завршување на војната во Украина

Се затвора Радио Слободна Европа во Бугарија и во Романија