Утрински Весник
Свет

Стотици полицајци повторно во викендичката на Беливук, се бараат човечки тела во бунарот

9117f1d9 1d45 47a8 a83b 100efc31dd69

Бројни полициски сили попладнето и вечерта повторно ја пребаруваа озлогласената „викендичка на смртта“ на српскиот криминален водач Вељко Беливук во Ритопек кај Белград, каде според властите се извршени некои од најстрашните злостори на неговиот криминален клан.

Според информациите во медиумите, истражителите откриле нови материјални докази против Беливук, кои ги нашле во мобилните телефони на уапсените осомничени во случајот.

Новите сознанија наводно биле поврзани со уште две лица кои исчезнале откако последен пат биле видени како влегуваат во викендичката.

Во викенд-куќата, според обвинителите, на сличен начин исчезнал членот на бандата крадци „Пинк пантер“, Милан Љубоја, кој бил ѕверски мачен и убиен, а неговото тело било стопено во киселина.

Беливук и уште дваесетина членови на неговата криминална група беа уапсени на 4 февруари во голема акција на српските безбедносни сили. Тие се осомничени за голем број тешки кривични дела: убиства, киднапирања и изнуди.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци