Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Стотици луѓе се собраа на погребот на загрепскиот градоначалник Бандиќ

Стотици луѓе се собраа на погребот на загрепскиот градоначалник Бандиќ
300x250 opst2

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ќе биде погребан напладне на гробиштата „Мирогој“ во Загреб, каде што се собраа стотици граѓани изутрината и покрај забраната за собирање повеќе од 25 лица.

Ковчегот со телото на починатиот градоначалник е поставен пред мртовечницата околу 10 часот, а голем број граѓани чекаат на ред да му изразат сочувство на неговото семејство.

Соработникот на Бандиќ и раководител на Загрепскиот наставен институт за јавно здравје, Звонимир Шостар, најави дека на погребот ќе се почитуваат епидемиолошките мерки поради што тој најави пристигнување 300 ковид-редари, кои треба да обезбедат почитување на мерките.

Иако мерките на главниот штаб забрануваат собирање повеќе од 25 лица на погреб, повеќе од еден час пред погребот се се собраа стотина луѓе на „Мирогој“.

Луѓето носат маски, но нема или има многу мало растојание меѓу нив.

Денес во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на градоначалникот Милан Бандиќ.

Бандиќ ненадејно почина на 66-годишна возраст од последици од срцев удар. Тој беше прв човек на Загреб во текот на шест мандати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа