Утрински Весник
Македонија

Стопиран проектот „Ново име“ за потрага по млади таленти 

Стопиран проектот „Ново име“ за потрага по млади таленти 

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Поради пандемијата од коронавирусот, стопиран е проектот „Ново име“ за потрага по млади таленти, кој е  можност за сите млади од земјава на јавноста да и го претстават својот талент и со тоа да се изборат за поддршка за негово унапредување.

Сите активности кои во рамки на проектот се одвиваа во текот на март се стопирани и ќе бидат продолжени кога ќе дозволат условите односно развојот на ситуацијата.

-Тоа значи дека е стопирано гласањето во актуелниот, трет циклус на овој проект, но сите пријави (кои се последни објавени на платформата novoime.mk) и понатаму се валидни и ќе бидат повторно активирани штом системот на избор на Нови имиња повторно ќе профункционира. Проектот беше реализиран од компанијата ХТЛ Македонија и брендовите Admiral, Astra и Casino Flamingo Hotel, членки на групацијата Novomatic, со желба да поддржат и охрабрат млади таленти од територијата на цела Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра, соопшти организаторот.

Проектот почна во јануари и досега поддржа две Нови имиња – титулата прво ја освои Сандра Туфеска (Ново име на цртањето) од Демир Хисар, а победник на вториот круг е Влатко Иљачев (Ново име на пеењето), кој живее во Богданци. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија