Утрински Весник
Економија

Стопанствениците и креаторите на економските политики на состаноци за справување со состојбата

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби имаат за цел серијата состаноци што денеска и утре ги организира Стопанската комора на Македонија меѓу компаниите – најголеми извозници со директорот на Царинската управа, како и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Од Стопанската комора укажуваат дека потребни се максимални напори на тешко преговарање за да се дојде до најдоброто решение затоа што работите се менуваат од час во час.

Тие бараат на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање државата на краток рок ќе го сочува бизнисот и компаниите, за тие да ја сочуваат неа на среден и долг рок.

Втората работа што според Стопанската комора треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации и јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè за совладување на оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. аа/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија