Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Стонс го продолжи договорот со Манчестер сити

Стонс го продолжи договорот со Манчестер сити
300x250 opst2

Англискиот репрезентативец Џон Стонс (27) го продолжи договорот со Манчестер сити. Клубот објави дека Стонс ќе остане на „Етихад“, до јуни 2026 година.

Стонс е играч на Манчестер сити од 2016 година. Претходно го носеше дресот на Евертон. Со „граѓаните“, досега три пати бил шампион во Премиер лигата, два пати победил во Лига купот, еднаш во ФА купот. Минатата сезона за Сити настапи на 35 натпревари.

За Англија ги одигра сите седум натпревари на Европското првенство, вклучувајќи го и финалето, кое „Гордиот албион“ го загуби на пенали од Италија.

> Стонс го продолжи договорот со Манчестер сити <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица