Утрински Весник
Свет

Столтенберг ја поздрави првата испорака на жито од Одеса

НАТО ја поздравува првата пратка украинско жито од пристаништето Одеса и повикува на целосна имплементација на договорот за извоз на жито, напиша денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот Твитер профил.

dobivaj vesti na viber

„Ја поздравувам првата пратка украинско жито од Одеса во согласност со договорот со посредство на ОН. Сојузниците силно и целосно го поддржуваат спроведувањето на овој договор за ублажување на глобалната криза со храна“, напишу Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изрази уверување дека испораките на жито ќе помогнат да се олесни глобалната криза со храна, обвинувајќи ја Русија за нејзината специјална воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина, истакнувајќи дека наметнувањето на западните санкции кон Русија предизвика глобален скок на храна и цените на енергијата.

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна