Утрински Весник
Свет

Столтенберг: НАТО се обидува да избегне инцидент помеѓу Грција и Турција

Столтенберг: НАТО се обидува да избегне инцидент помеѓу Грција и Турција
Dik 300x250 mk

НАТО бара начини за да се избегнат ненамерни конфликти во источниот Медитеран, додека ги поддржува германските дипломатски напори за смирување на конфликтот меѓу членките на НАТО – Грција и Турција за подморските енергетски ресурси, изјави лидерот на Северноатлантската алијанса.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за Ројтерс дека Западниот сојуз размислува за мерки за избегнување на конфликтот за да спречи случајни инциденти во областа каде се наоѓаат голем број воени бродови, иако тој не кажа детали.

„ Ја истражувам можноста за развој на механизми на НАТО за спречување инциденти и несреќи, серија механизми за деконфликт“, рече Столтенберг во интервјуто по состанокот со министрите за одбрана на ЕУ.

„ Фактот дека има многу бродови таму, многу воена моќ во прилично ограничено подрачје, веќе е причина за загриженост“, рече Столтенберг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал