Утрински Весник
Свет

Столтенберг: НАТО не планира да распореди воени трупи во Украина

Столтенберг: НАТО не планира да распореди воени трупи во Украина

НАТО не планира да распореди борбени трупи во Украина во случај на руска инвазија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

На прашањето на новинарите на Би-Би-Си, дали ќе ја исклучи можноста за распоредување на војници на НАТО доколку Русија изврши инвазија, тој рече дека Алијансата нема планови за тоа.

„ Се фокусираме на давање поддршка. Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и високо ценет партнер како Украина. Во тоа нема сомнеж“ додаде првиот човек на Алијансата.

Столтенберг рече дека НАТО е подготвен да реагира на можна руска агресија врз Украина.

„ Подготвени сме да отвориме дијалог со Русија. Вооружениот конфликт не е во ничиј интерес“ нагласи тој.

Шефот на НАТО, исто така, истакна дека Северноатлантската алијанса е подготвена за најлошото и дека ако Русија повторно употреби сила против Украина, ќе мора да плати висока цена, со економски и политички санкции.

Можете да прочитате

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд