Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Столтенберг: НАТО може да плати висока цена за предвременото напуштање на Авганистан

Столтенберг: НАТО може да плати висока цена за предвременото напуштање на Авганистан
300x250 opst2

НАТО може да плати висока цена за предвремено напуштање на Авганистан, предупреди генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, откако американски официјален претставник изјави дека се очекува Доналд Трамп да повлече значителен број американски војници во наредните недели.

НАТО има околу 12.000 војници од неколку десетици земји во Авганистан кои помагаат во обука и советување на силите за национална безбедност. Многу од нив не се американски војници, но 30-члениот сојуз многу се потпира на САД во транспортот, воздушната поддршка, логистиката и другите форми на помош.

Малку е веројатно дека НАТО може дури и да ја заврши својата операција во Авганистан без американска помош.

„Сега се соочуваме со тешка одлука. Ние сме во Авганистан скоро 20 години и никој сојузник на НАТО не сака да остане подолго отколку што е потребно. Во исто време, сепак, трошоците за предвремено напуштање на некоординиран начин може да бидат многу високи”, се вели во соопштението на Столтенберг, пренесува Асошиејтед Прес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв