Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа за ситуацијата во Источен Медитеран, пренесува „Анадолија“.
„Разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Источниот Медитеран и за тековните активности на НАТО за деескалација на конфликти со цел да се избегнат инциденти и несреќи. И Турција и Грција се ценети сојузници, и НАТО е платформа за дијалог“, напиша челникот на НАТО на Твитер.
Spoke with President @RTErdogan about the situation in the #EastMed and the ongoing efforts @NATO for military de-confliction to avoid incidents & accidents. Both Turkey & Greece are valued Allies and #NATO is a platform for dialogue.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) September 23, 2020
Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.
За да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.