Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Столтенберг: ЕУ и НАТО мора да работат заедно на предизвиците поставени од Русија

Столтенберг: НАТО се обидува да избегне инцидент помеѓу Грција и Турција
300x250 opst2

Европска Унија и НАТО не можат индивидуално да се справат со предизвиците поставени од Русија, па затоа мора да работат заедно, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на вториот ден од седницата на министрите за надворешни работи на земјите од Алијансата, на која исто така учествуваат претставници на ЕУ.

„Денес зборуваме за Русија со нашите клучни партнери Шведска, Финска и Европската Унија. Сите се соочуваме со исти предизвици (кои доаѓаат) од Русија. Никој од нас не може да се справи со тоа самостојно, но заедно можеме да се дополниме“, рече Столтенберг.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска одржуваат состанок за Русија во рамките на дводневниот самит во Брисел. Тоа ќе биде прв личен состанок на министрите на НАТО по повеќе од една година.

Како што претходно објави Министерството за надворешни работи на Велика Британија, шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, ќе ги повика сојузниците на НАТО да ја натераат Русија да ги почувствува вистинските последици од нејзината непријателска активност.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас