Утрински Весник
Спорт

Стоичков: Пјаниќ не заслужува да ја носи осумката

Стоичков: Пјаниќ не заслужува да ја носи осумката

Миралем Пјаниќ, досега не ги оправда очекувањата во Барселона. Репрезентативецот на БиХ, трпи критики по синоќешниот натпревар во Купот на Шпанија. Барселона со тешки маки, дури по продолженијата, успа да го елиминира третолигашот Корнеља.

Барселона славеше над Корнеља со головите на Дембеле во 93. и Брејтвајт во 120.минута. Претходно во првото полувреме пенал не реализира Пјаниќ, а истото му се случи и на Дембеле во финишот на регуларниот дел.

„Бројот осум не е за секого, овој број има посебна тежина, а Пјаниќ не е на тоа ниво. Тажен сум, се срамам од она што го видов. Тренерот Куман не е виновен кога двајца ќе промашат од белата точка. Пред не го е уште многу работа. Ќе му биде тешко со овие играчи“, рекол легендарниот играч на Барселона, Христо Стоичков.

Најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија, во Барселона ја носеше осумката на грбот. Овој број во кариерата го носеле и други легенди на Каталонците: Андрес Иниеста, Филип Коку, Бернд Шустер, Тете Санчез, Карлес Рексач, Јоган Нескенс…

> Стоичков: Пјаниќ не заслужува да ја носи осумката <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари