Утрински Весник
Политички Партии

Стоилковски: Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање

Стоилковски: Заев и бизнис олигархијата поддржана од власта ги трујат граѓанит

Скопје, 7 март 2020

Овде од Нерези на 15.500 метри квадратни се градат две од петте за сега планирани касарни на Филипче, како дел од Шпанско село 2, последен од низата скандали на овој хибриден режим.

Само во овој хибриден режим министер за здравство и неговите институции може да доделуваат тендери за набавки тешки милиони евра на сосопственик и градежен партнер на семејството на госпоѓата министерка Филипче!

Венко Филипче за две години не успеа да направи ниту еден градежен зафат во медицинска инфраструктура, но затоа зад мене добитникот на јавни набавки со потпис на Филипче и на директорите под Филипче има градежни зафати за изградба на Шпанско село 2 заедно со семејството на Филипче.

Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање.

Здравството не може ни ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерското Шпанско Село 2 во Нерези.

Венко Филипче мора да замине и да одговори, како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, како градежен партнер и сосопственик на имоти со семејството на Филипче добива 8 милиони евра на тендери?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, зошто зад мене на задолжителната информациска табла стои семејна куќа ако градежната дозвола е А4 за времено сместување?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали овој градежен зафат за времено сместување што опфаќа и дом за стари лица е резултат на разговорите со Боки 13?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, уште колку нему блиски функционери имаат парцели во делот на Шпанско село 2?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали и во овој период до изборниот пораз итните тендерски набавки може да ги добие неговиот семеен градежен партнер?

Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање.

Здравството не може ниту ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерско Шпанско Село во Нерези на Водно.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт