Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Милионски тендер на „Државни патишта“, повторно единствен понудувач e фирма блиска на СДСМ

На јавната набавка за санација на одрон на делница Хамзали – Берово повторно има само еден понудувач, и тоа е битолски „Стентон“ – компанија блиска на СДСМ, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако вчера од партијата објавија дека оваа фирма е единствениот понудувач и за  одронот на автопатот Миладиновци – Штип.

dobivaj vesti na viber

Според Стоилковски кој рече дека станува збор за зафат вреден над еден милион евра, се добива впечаток дека во Македонија има само една градежна фирма којашто се интересира за расчистување на одрони по патиштата.

„Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач? Како е возможно на тендер кој што вреди над еден милион евра за расчистување на делница кај Берово да има само еден единствен понудувач? И тоа кој што понудил според проценетата вредност за набавката со ДДВ изнесува 64 милиони и 900 илјади денари, а понудувачот понудил 64 милиони и 800 и безмалку 42 илјади денари“, рече Стоилковски.

Можете да прочитате

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

АА: Додека го напаѓа ВМРО ДПМНЕ, знаеме дека претседателот Арбен Таравари е на вистинскиот пат!

Михаилов: Од запалени глувци до скакулци, па дури и вештачки бубачки што шират пожари