Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Преспанскиот договор е реалност што ни ја наметна Зоран Заев, но ние нема да дозволиме жарот за Македонија некогаш да згасне, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Времето покажа дека за се она за кое што предупредувавме се оствари, распука бетонот за идентитетот гарантиран и излажан од Зоран Заев, економски воопшто не е добро, напротив е полошо со оваа рекетарска власт. Европската иднина токму поради оваа рекетарска власт е се уште далеку, во однос на Преспанскиот договор тоа е реалност која што Зоран Заев ни ја наметна, но ние нема да дозволиме жарот за Македонија некогаш да згасне, изјави Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција. ев/скс/