Утрински Весник
Политички Партии

Стоилковски: Дескоска да даде пример сите министри и функционери целосно да се откажат од платата

Стоилковски: Дескоска да даде пример сите министри и функционери целосно да се откажат од платата

Скопје, 31 март 2020

Цела недела измина, а нема ниту збор од министрите и функционерите на Зоран Заев за предлогот тие целосно да се откажат од платите во овие тешки месеци и да одработат бесплатно за државата и за граѓаните!

Нема ниту збор од Оливер Спасовски за откажување од неговите 88.000 денари плата, ниту Шекеринска нема никаков збор за откажување од нето-платата од над 80.000 денари, Мила Царовска за нето плата над 73.000 денари, нема ниту збор од Рената Тренеска Дескоска дека се откажула од платата од над 73.000 денари и дека би работела про боно, Никола Димитров не кажува дали воопшто ќе поработи без платата од над 72.000 денари, или Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Сите 26 министри молчат дали би се откажале од платите од 70 до 90 илјади денари!

Нема ниту збор од државните функционери на СДСМ како Николче Тасевски, зетот на Рената Тренеска Дескоска дека целосно ќе се откаже од својот месечна плата од 188.000 денари, или три илјади евра, и ќе поработи про боно во овие тешки моменти. Нема ниту збор од функционери на СДСМ дека се откажуваат од платите и хонорарите во име на справувањето со кризата, со пандемијата и економската криза која што ја донесе.

Дополнително, нема ниту збор дека министрите и функционерите се откажуваат целосно од привилегиите кои што одат со функцијата, како што се службени возила, телефони и репрезентации кои што ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Доколку министрите, заменик министри, директорите и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, и се откажат од своите плати, про боно, со тоа ќе се заштедат најмалку два ипол милиони евра месечно. Тоа вкупно би заштедело над пет милиони евра во државната каса за два месеци.

Наместо демагогии, лицемерство и празни прес конференции, СДСМ и нејзините функционери нека започнат со личен пример, за почеток Дескоска, Спасовски, Шекеринска, Димитров нека се огласат дека се откажуваат од примањата и репрезентациите, а потоа нивниот пример нека го следат и другите заменик министри, директори и членови на управните и надзорните одбори од редовите на СДСМ кои што земаат пари од народниот буџет.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт