Утрински Весник
Свет

Стигна реакција и од Русија за Евровизија

На 66. Избор за песна на Евровизија во Торино, Украина победи убедливо, завршувајќи го натпреварувањето со 631 поен.

Како и секогаш, мислењата се поделени – едни сметаат дека победата на Украина е неоправдана и политизирана, додека други сметаат дека песната „Стефанија“ била навистина најдобра.

По претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, кој се огласи и рече дека ова е голема победа за Украина и дека светот ја препознал нивната храброст, реакција стигна и од Русија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци:

„ Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“ напиша Захарова.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро