Утрински Весник
Свет

Стејт департментот одобри продажба на авиони Ф-35 на Германија

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони Ф-35, муниција и соодветна опрема на Германија, во вредност од околу 8,4 милијарди долари, соопшти Пентагон.

dobivaj vesti na viber

Главни изведувачи на договорот се Lockheed Martin Corp., Boeing Co. и Raython Technologies Corp., соопшти Пентагон.

И покрај одобрението на Стејт департментот, во соопштението не се наведува дали договорот е потпишан или дали преговорите се завршени.

Германија во март објави дека ќе купи 35 американски борбени авиони Ф-35 за да ги замени нејзините стари авиони Торнадо.

Можете да прочитате

Писториус: На САД им е потребна Европа

85% од јаболките во Европа содржат остатоци од повеќе пестициди

Ердоган нуди посредништво меѓу Иран и САД