Утрински Весник
Македонија

Стефоска: Да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин

Стефоска: Да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин

Министерката за култура, Ирена Стефоска на прес-конференција на Владата на новинарското прашање како го коментира вчерашното интервју на премиерот Заев, таа одговори: „Би сакала да ги употребам зборовите од синоќешниот говор на новоизбраниот претседател на САД,Бајден: „Да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин“.

„Но, овој просец не е лесен. Историјата не подучува дека сите ние мораме да се соочуваме со своето минато. Како што, на пример, пред 50 години германскиот канцелар Вили Брант при посетата на Полска, клекна пред Споменикот на хероите во Варшавското гето. На тој начин, побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна и така го отвори патот на процесот на простување. За жал, кај нас на Балканот, овие процеси се движат многу бавно, а и ние како земја никогаш не сме постигнале ништо лесно“.

Истовремено, кога ќе се сетам низ што се помина минативе години премиерот и сите ние заедно, не можам како човек тоа да го фрлам во вода. Како историчарка, се разбира, имам и свои видувања на темата и отворена сум за тематска прес-конференција ако сакате. Јас сум професионален историчар и во моментов сум и министерка за култура.

Убедена сум дека премиерот сака да ја истурка, буквално, земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори, тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато. Има многу примери како тоа се случувало, како се работи на справување со минатото. Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – бели, темни, светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции да биде историјата или идентитетски прашања. Бидејќи, ако тоа е така, а не смее да биде така, немаше да постои Европската Унија. Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите – членки на ЕУ. Така што, убедена сум дека сите заедно со поддршка и на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи“, рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка