Утрински Весник
Македонија

Стефковски: Ќе субвенционираме електрични тротинети за жителите на Општина Гази Баба

Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 03.05.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот.

Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Субвенции за електрични тротинети на територија на општина Гази Баба се воведени за прв пат.

Градоначалникот на Општина Гази Баба на својот фејсбук профил ги повикува сите граѓани да аплицираат и да ја искористат можноста.

Можете да прочитате

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик 

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка