Утрински Весник
Македонија

Стефковски: Нема веќе злоупотреба на службените возила

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на Фејсбук ги информираше граѓаните за воведувањето на новиот мониторинг систем за службените возила на општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

dobivaj vesti na viber

„Воведен е 24 часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на општина Гази Баба.

Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила.

Во општина Гази Баба се работи чесно и домаќински!

Овој систем произлезе како барање на граѓаните кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила.

Нема веќе користење на службените возила за приватни цели.

На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред општината.
Градоначалникот и општинската администрација се во општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите!“ – напиша Стефковски.

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец кој телефонски и се заканувал на својата сопруга

Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима

Во еден ден кавадарчанец останал и без мопед и без автомобил затоа што возел без возачка