Министерството за одбрана на Република Артсак негираше какво било учество во неодамнешниот напад врз азербејџанските позиции, велејќи дека новните војници не учествувале во никаква операција, пренесува „Спутник“.
„Вчера и денес ниту една единица на одбраната на армијата на Артсак, ниту еден војник не учествувал во каква било операција. Не беа регистрирани инциденти, ниту е пукано од ерменска страна”, соопшти министерството.
Изјавата доаѓа неколку часа откако Министерството за одбрана на Азербејџан тврдеше дека еден нивни војник бил убиен како резултат на напад врз азербејџански позиции во Нагорно-Карабах.
„На 27 декември илегална ерменска вооружена група нападна позиции на азербејџанската армија во селото Агдам во областа Хоџавенд. Како резултат, еден наш војник, Ганбаров Елмир Рајил, беше убиен, а друг војник е ранет“, се вели во соопштението на азербејџанското министерство.
Според министерството, повредениот војник бил хоспитализиран, а неговиот живот не е во опасност.
„Благодарение на спроведените мерки, сите шест члена на нелегалната вооружена формација Ерменија беа елиминирани“, рече азербејџанското Министерство за одбрана.