Утрински Весник
Спорт

Стаховски „удри“ по Надал: Зарем е фер што Украинците умираат?

Откако Рафаел Надал се приклучи на Новак Ѓоковиќ и на Енди Мареј со коментар дека не е фер што руските и белоруските тенисери нема да може да играат на овогодишниот Вимблдон, преку социјалните мрежи се јави поранешниот најдобар украински тенисер, Серхиј Стаховски

„Рафа Надал, ние се натпреварувавме, игравме еден против друг на турнејата. Те молам кажи како е фер што украинските тенисери не можат да се вратат дома? Како е фер што украинските деца не можат да играат тенис? Како е фер што Украинците умираат?“, напиша Стаховски на Твитер.

Стаховски, кој се пензионираше од тенисот во јануари по настапот на Австралија опен, се врати во Украина и се пријави во територијалната одбрана по руската инвазија.

Украински тенисер со закана до Путин: Ќе ти танцувам на гробот!

Стаховски ќе стане резервист, Свитолина го дава наградниот фонд на Украина

> Стаховски „удри“ по Надал: Зарем е фер што Украинците умираат? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина