Три статуи се целосно или делумно уништени во црквата Сен-Андре во француската општина Ниорт откако црквата во последните неколку недели била цел на најмалку три напади, пренесува „Ла нувеј републик“.
Црквата била принудена да ги затвори своите врати до крајот на август или евентуално уште подолго поради вандалските напади. За време на викендот биле уништени неколку статуи, вклучително и статуа на Исус како бебе во рацете на Сент Ентони, која беше распарчена на илјада парчиња.
Според извештајот од „Ла нувеј републик“, неколку парчиња од статуата биле ставени во канта за отпадоци во близина, а парохијата поднела тужба до локалната полиција за нападите.
Изградена во 11 век, црквата била проширена пред да биде уништена од локалните демонстранти во 1588 година. Подоцна била повторно изградена од кралот Луј XIV. По француската револуција била запуштена, а била обновена за време на втората француска империја под Наполеон III.
Нападите врз црквата се последни во бранот антихристијански напади во Франција во последните неколку години, од кои во најскорешниот беше запалена катедралата во Нант од 39-годишен мигрант од Руанда.
Мигрантот волонтирал во катедралата неколку години пред пожарот и бил еден од ретките доброволци на кој му биле дадели клучевите од објектот.
Еден лански извештајо сугерира дека меѓу 2016 и 2018 година имало илјадници случаи на напади врз француски цркви, при што земјата сведочела просечно на три антихристијански напади на ден.
Елен Фантини, директор на виенската Опсерваторија за нетолеранција и дискриминација врз христијаните во Европа (ОИДАЦЕ), минатиот месец рече дека меѓу 2008 и 2019 година Франција забележала пораст од 285 отсто во антихристијанските инциденти.
Во извештајот на ОИДАЦЕ во 2019 година се наведува дека има пораст на бројот на цркви, христијански симболи и гробиштата низ цела Европа кои се вандализирани, уништени и изгорени, споредено со претходните години.