Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Статистиката предвидува две дерби пресметки во осмина-финалето

Статистиката предвидува две дерби пресметки во осмина-финалето
Img 7972

Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе донесе најмалку две дерби средби. Статистиката вели дека актери ќе бидат клубовите од Мадрид, Реал и Атлетико.

Реал го освои првото место во групата и ќе биде меѓу носителите на ждрепката, што значи дека првиот меч ќе го игра на гостински терен. Атлетико не е меѓу носителите, „јорганџиите“ дури во последното коло стигнаа до второто место во Б-групата.

Статистичарите пресметале дека најголеми шанси да се сретнат во осмина-финалето имаат Челси и Реал Мадрид. 32,32 отсто се шансите Челси и Реал да ја повторат четврт-финалната пресметка од минатата сезона.

Шансите Реал да го извлече ПСЖ се 19,39 отсто.

Математиката вели дека Атлетико ќе оди во Манчестер или Торино. Доколку Виљареал ја мине Аталанта, тогаш шансите Атлетико да игра против Јунајтед или Сити, односно против Јувентус се 18,53 отсто.

Во случај Аталанта да избори осмина-финале, тогаш шансите за пресметката помеѓу Аткетико и Јувентус растат на 22,25 отсто.

Носители на ждрепката ќе бидат победниците на групите: Ајакс, Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Лил.

Во групата на неносители се: ПСЖ, Челси, Атлетико Мадрид, Интер, Спортинг Лисабон, Салцбург, Бенфика, Аталанта или Виљареал.

Ждрепката за осмина-финалето ќе се одржи на 13.декември, во 12 часот, во седиштето на УЕФА во Нион.
Првите натпревари ќе се играат на 15/16 и 22/23.февруари, а реваншите на 8/9, односно 15/16.март 2022 година.

> Статистиката предвидува две дерби пресметки во осмина-финалето <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН