Утрински Весник
Магазин

Стаси Николау рекламира долна облека за „Фенти“

Стаси Николау рекламира долна облека за „Фенти“

Најдобрата пријателка на Кајли Џенер, Стаси Караниколау, предизвика топлотен бран на нејзиниот Инстаграм профил во вторникот.

На фотографиите, 23-годишната Стаси на себе има цветна долна облека од тантела и слична комбинација во бела боја – од брендот за долна облека Savage x Fenty на музичката дива Ријана. Оваа линија е дел од летната кампања „Љубовна танела“ креирана во соработка со Адам Селман.

Стаси, која е амбасадорка на брендот, во најновата фотосесија на себе има градник од 34.95 долари и килоти од 14.95 долари.

Нагласувајќи ги совршените црти на лицето со малку шминка, и со слободно пуштена коса, таа додаде малку сјај во својот изглед со обетки и нараквици.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Викенд предизвик: ѕвездите носат јасност и храброст

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!