Утрински Весник
Македонија

Старец почина од компликации од грип на Инфективна клиника, еден пациент во животозагрозувачка состојба

На Инфективна клиника хоспитализирани четворица со компликации од грип од кои едно во тешка состојба, а осум со симптоми
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиника за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени. Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години. рп/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Со промоцијата и испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина-наместо импровизации, градиме систем

Тошковски најави заострени казни за петарди

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“