Утрински Весник
Свет

Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи денеска на сила во Англија.

Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а според неа продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот.

Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува Би-би-си.

Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стармер по заканите на Трамп: НАТО е најефикасен сојуз, нема да бидеме вовлечени во војна со Иран

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

Марин Ле Пен сака да се кандидира за претседател на Франција, премиерската функција не ја интересира