Утрински Весник
Спорт

Станковиќ: Најголем успех на Црвена звезда во изминатите 30 години

Станковиќ: Најголем успех на Црвена звезда во изминатите 30 години
Dik 300x250 mk

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, емотивно го прослави освојувањето на првото место во групата и пласманот во осмина-финалето во Лига Европа. Станковиќ смета дека ова е најголемиот успех на клубот по освоената европска титула во Бари.

Црвена звезда, синоќа, одигра 1:1 во Брага. Во моментот кога Марко Гвида означи крај на натпреварот, Станковиќ влета на теренот, славеше во стилот на својот учител од Интер, Жозе Мурињо.

„После Бари, овие момци испишаа историја. За ова зборувавме. Тоа е тој натпревар, тоа е тој момент. Не уништија повредите, сепак собрааа сила и успеаја. Ова е успех за сите во клубот. Освоивме 11 поени во оваа група“.

Освојувањето на првото место значи дека Црвена звезда ќе го „скокне“ плеј-офот, во кој ќе играат екипите кои испаднаа од Лигата на шампионите.

> Станковиќ: Најголем успех на Црвена звезда во изминатите 30 години <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја