Утрински Весник
Македонија

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „ББ-“, со стабилен изглед

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „ББ-“, со стабилен изглед

Агенцијата „Стандард и Пурс“ објави нов извештај во кој го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ-“, со стабилен изглед. Во рамките на извештајот, одделно внимание е посветено и на монетарната политика, надворешната позиција на економијата, како битен сегмент при водењето политика на стабилен девизен курс, како и на состојбата во банкарскиот систем, соопштија од Народната банка на Македонија, НБМ.

Во однос на монетaрната политика, „Стандард и Пурс“ повторно посочуваат на поголемиот простор што го има таа, во услови кога степенот на евроизација е понизок во однос на другите економии од регионот. Воедно, во извештајот се нагласуваат и мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, што придонесува за намалување на вкупната евроизација. „Во врска со надворешниот сектор, агенцијата за рејтинг за следниот период оценува умерен дефицит на тековната сметка, финансиран преку приливи од странски директни инвестиции, како дополнителна поддршка на девизните резерви, стои во сооштението на НБМ.

Од НБМ додаваат дека, како и во досегашните извештаи, посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со укажување на неговата стабилност, ликвидност, ниското ниво на нефункционални пласмани, како и потпирањето главно на домашните депозити за финансирање на кредитната активност. Во вакви услови, агенцијата во своите проекции за следниот период очекува понатамошен кредитен раст, како поддршка на економската активност.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат

Пороен дожд, грмежи и ветер во гостиварскиот регион, невремето доаѓа во Скопје

Министерството за внатрешни со детали за исчезнувањето на 14-годишната Клара